Таравари: Ова е легитимниот конгрес на АА

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва пред почетокот на вонредниот конгрес на партијата, изјави дека очекува да бидат потврдени одлуките за коалицирање со албанската опозиција, како и неговата кандидатура за претседател на претстојните избори.

– Конгресот е свикан заради две главни точки. Првата за да ја добијам поддршката од конгресот за да се кандидирам за претседател на државата и да почнеме да ги собираме потписите. Втората работа е да се потврди коалицијата што треба да се случи утре, а потоа ќе имаме уште една точка за статутарни измени на одредби кои очигледно беа злоупотребени изминатиов период, рече Таравари.

Tој исто така истакна дека ова е легитимниот конгрес на АА.

Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.

– Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии, истакна Таравари.

Претходна вестГари Каспаров: Путин го уби Навални „полека и јавно“
Следна вестСпасовски го впери прстот кон граѓаните: Секој еден имал можност од 1 јули да започне со промената на документите