Османи има нешто да ве израдува околу Преспанскиот…

Во сетиот хаос и понижување што настана околу наметната промена на личните документи за да се стави и зборот „Северна“ што македоската власт го договори со Грција, еве пристигнуваат и фини вести. Имено, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете страни.

Да, тоа тој го потврди, посочувајки дека Грција дури сменила и еден сообраќаен знак.

–  Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето. Стоеше Скопие, а сега е Скопје, од вчера мислам се сменети. Затоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни, рече Османи на ТВ 24.

По оваа вест се очекува македонските граѓани многу полесно да го прифатат фактот дека Македонија го смени своето име, а и помалку да се лутат што сега една третина од населението (поради колосалната неспособнист на власта да се организира) е во државен притвор.

Секако задоволство предизвикува и оваа реченица на Османи околу исполнетоста на Преспанскиот договор:

-Ние во 95 проценти сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано, посочи министерот.

Претходна вестНе и се лутете на власта и Спасовски, може имаа добра намера…
Следна вестБраво за Маја: Се грижи за оставени кучиња, ги лекува и им наоѓа нов дом