Дарио Ивановски, нашиот најдобар македонски атлетичар истрча маратон во шпанскиот град Севилја со нов македонски рекорд. Тој учествуваше на трка каде настапија повеќе од 250 маратонци од целиот свет и до целта стигна за 2:08,25 часа, што е најдобро време постигнато од македонски маратонец.
Со ова тој до исполни условот – нормата за настап на европското атлеско првенство. Му фалеа само неколку секунди до исполнување на олимписката норма за настап на ЛОИ 2024 во Париз.
Досегашниот македонски рекорд, кој исто така е на Ивановски изнесуваше 2:11,53 часа.
Инаку, тој за само за 16 секунди не ја исполни олимписката норма, но е голема инспирација за претендент за учество на ЛОИ годинава.