Почна да се расчистуваат купишта смет кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“

DCIM100MEDIADJI_0059.JPG

Започна акција за чистење на натрупаниот комунален отпад од дворот на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, информира денеска градоначалник на скопската општина Гази Баба Бобан Стефковски.

-Утрово заедно со Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом Ранка Милановиќ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот. Издадов налог на ЈКП „Гази Баба“ со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад. Повеќе од две години Владата и МТСП не постапуваа по моите иницијативи за решавање на овој проблем и покрај бројните петиции и барања од страна на граѓаните и компаниите кои функционираат на овој дел од општината, наведе Стефковски во објавата на Фејсбук.

До ова доаѓа по вчерашната посета на министеротот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски на  бездомниците кои живеат во овој објект. Тој најави системско решавање на проблемот со кои се соочуваат 70-тина лица кои, како што рече, веќе седум години живеат во мизерни услови.

Претходна вестИвановски постави нов македонски рекорд во трчање маратон, се доближи ли до настап на ЛОИ?
Следна вестАндоновски: Се пофалија дека со медихоптер го префрлија Леонид во Виена, а потоа Фондот му го одби барањето