Ивановски постави нов македонски рекорд во трчање маратон, се доближи ли до настап на ЛОИ?

Дарио Ивановски, нашиот најдобар македонски атлетичар истрча маратон во шпанскиот град Севилја со нов македонски рекорд. Тој учествуваше на трка каде настапија повеќе од 250 маратонци од целиот свет и до целта стигна за 2:08,25 часа, што е најдобро време постигнато од македонски маратонец.

Со ова тој до исполни условот – нормата за настап на европското атлеско првенство. Му фалеа само неколку секунди до исполнување на олимписката норма за настап на ЛОИ 2024 во Париз.

Досегашниот македонски рекорд, кој исто така е на Ивановски изнесуваше 2:11,53 часа.

Инаку, тој за само за 16 секунди не ја исполни олимписката норма, но е голема инспирација за претендент за учество на ЛОИ годинава.

Претходна вестОгнен Стефановски собори државен рекорд стар 55 години, во скок со стап прескокна 3,65 метри
Следна вестПочна да се расчистуваат купишта смет кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“