Македонскиот архиепископ г.г. Стефан е во Рим. Повод за тоа е 1155-годишнината од блаженото упокојување на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски. Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“.
Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на посетата, г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од поглаварот на католишката црква, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.