47-годишниот Алексеј Навални почина на 16 февруари во затвор лоциран во автономниот округ Јамал-Сконенет. Во последните години тој се профилираше како најголема и најпозната фигура на опозицијата на режимот во Руската Федерација. Соработниците и луѓето блиски до Навални и многу медиумски работници кои пишуваат критички за актуелниот режим се убедени дека Навални бил убиен од руските власти. И политичката елита на Украина, се во чекор со ова мислење.
Но, шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, излезе со изјава која дава нова димензија на смррта на Навални.
– Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е горе-долу потврдено. Тоа го знаеме, им рече Буданов на новинарите на прашањето дали разузнавачката служба „знае како е убиен“.
Тој додаде дека оваа информација не е преземена од Интернет. Според него, тоа било природна смрт.
Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла. Западните политичари, исто така, веднаш изјавија дека Навални бил убиен од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Телото на Навални дури пред два дена и беше предадено на неговата мајка, а датумот на погреб ќе биде одреден дополнително.
Најпознатиот руски опозиционер во колонијата издржуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, заради основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности.