Екс македонскиот кошаркар Перо Антиќ отворено проговори за соработката со познатиот српски тренер Жељко Обрадовиќ.
Антиќ настапуваше во Фенербахче под водство на актуелниот тренер на Партизан и во 2017 година ја освои шампионската титула во Евролигата. Тој потсети на неколку интересни анегдоти од тој период.
-Жељко Обрадовиќ е мислител. Едноставно е, има девет титули во Евролигата и седи и гледа НБА до три часот наутро и учи, вели Антиќ.
Легендардниот кошаркар се осврнал и на карактерот, но и начинот на функционирање на Обрадовиќ:
– Тој има клучеви, суеверен е. Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата. Ако ти каже: `Ова е дрво`, ќе речеш: `Дрво е`. Ако ти каже: `Железно е`, ќе речеш: `Железно`. Него можеш да му се спротивставиш, но на крајот се губиш. Тој те учи на дисциплина и на се, објасни Антиќ.
Се уште се сеќава на еден совет што му го дал популарниот Жоц.
– Не би менувал ништо кога би се родил повторно. Жељко Обрадовиќ еднаш ми рече `Како живееш, така ќе умреш` е моето мото, изјавил Антиќ.