Вооружени лица ограбиле Неготино и побегнале – граѓаните вознемирени

Вознемирувачки настан се случил во Неготино, во раните утрински часови во неделата, кога две лица вооружени со пиштол влегле во казино во градот и одзеле пари од вработените. Вооружените ограбувачи носеле фантомки, а во време кога се случувал настанот, за викенд, во централното градско подрачје има голема раздвиженост на млади луѓе.

Од СВР Велес информираа дека на 25-ти февруари околу 1.10 часот во казино во Неготино две лица со закана со пиштол од вработените одзеле пари. Во ОВР Неготино било пријавено во 2.00 часот. Известен бил јавен обвинител, и се преземале мерки за расчистување на случајот, а лицата до објавата на веста не беа откриени.

Не е јасно зошто се чекало речиси еден час од случувањето на грабежот во 1.10, до пријавата во полиција, педесеттина минути подоцна, односно во околу 2 часот.

Од движењето „Анти коцкање“ повеќе од седум години бараат дислоцирање на овие објекти подалеку од образовните институции во цела земја, но и од населени места, со цел младите да не се изгубат во лавиринтот наречен коцкање.

Од друга страна пак, од здружението на вработени во секторот на игри на среќа „Сакам да работам“ реагираат дека дислокација на овие објекти ќе значи ставање на клуч на врата, по што околу 10.000 лица ќе останеле без работа.

Претходна вестВанковска: Меѓу мене и Силјановска-Давкова нема да има валкани работи, не знам што ќе прават партиските машинерии
Следна вестАнтиќ за Обрадовиќ: Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата