Антиќ за Обрадовиќ: Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата

Екс македонскиот кошаркар Перо Антиќ отворено проговори за соработката со познатиот српски тренер Жељко Обрадовиќ.
Антиќ настапуваше во Фенербахче под водство на актуелниот тренер на Партизан и во 2017 година ја освои шампионската титула во Евролигата. Тој потсети на неколку интересни анегдоти од тој период.

-Жељко Обрадовиќ е мислител. Едноставно е, има девет титули во Евролигата и седи и гледа НБА до три часот наутро и учи, вели Антиќ.

Легендардниот кошаркар се осврнал и на карактерот, но и начинот на функционирање на Обрадовиќ:

– Тој има клучеви, суеверен е. Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата. Ако ти каже: `Ова е дрво`, ќе речеш: `Дрво е`. Ако ти каже: `Железно е`, ќе речеш: `Железно`. Него можеш да му се спротивставиш, но на крајот се губиш. Тој те учи на дисциплина и на се, објасни Антиќ.

Се уште се сеќава на еден совет што му го дал популарниот Жоц.

– Не би менувал ништо кога би се родил повторно. Жељко Обрадовиќ еднаш ми рече `Како живееш, така ќе умреш` е моето мото, изјавил Антиќ.

Претходна вестВооружени лица ограбиле Неготино и побегнале – граѓаните вознемирени
Следна вестВеапоска: Ми ги извадија пола органи, бев во кома 14 дена, а вештакот тврди дека ми го спасиле животот