Ванковска: Меѓу мене и Силјановска-Давкова нема да има валкани работи, не знам што ќе прават партиските машинерии

Наближуваат претседателските избори во Македонија. Веќе се поизвесно е и кои од најавените кандидати ќе ги исполнат условите (собирање на потписи) за да влезат во изборната трка. Останува само да се види какви же бидат дуелите меќу кандидатите.

Уште сега јавноста очекува да види како ќе дебатираат меѓу себе познатите професорки и пријателки Гордана Силјановска-Давкова и Билјана Ванковска. Сега ќе бидат на различни страни, едната предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а другата од „Левица“.

Кандидатката за претседател од Левица, Ванковска, во интервју за „А1он“ вели дека меѓу нив нема да има валкани работи и си посакале среќа.

-Силјановска-Давкова прво ми беше асистент на факултет, јас ја знам како моја асистентка од студии, потоа станавме колешки, јас помлада, таа постара. Сме биле во многу битки, меѓутоа идеолошки се разликуваме. Имаме многу богата дискусија кога разговараме. Таа е либерал, дури и кога се кандидираше на минатите избори кажа дека има либерален поглед на светот. Јас сакам да покажеме што значи вистинска дебата. Ние си честитавме, си посакавме среќа, меѓу нас нема да има валкани работи, не знам што ќе прават партиските машинерии.Се надевам дека две професорки им должат на своите студенти и на јавноста натпревар во визии и идеи, вели Ванковска за „А1он“.

Во подолгото интервју каде Ванковска зборува по разни теми таа споменува и една од работите која и е заедничка со соперничката од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека најдоброто нешто што може да се направи за спас на Македонија е граѓански Устав, став кој го дели со Гордана Силјановска-Давкова.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

Претходна вестВоз во Индија минал 70 километри без машиновозач
Следна вестВооружени лица ограбиле Неготино и побегнале – граѓаните вознемирени