Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, претседателот на партијата Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата. „Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување.
СДСМ е подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори.
СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата“-рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.