Ужасната воена ситуација во појасот Газа секој ден одзема многу, многу животи. На удар се и децата. Суровоста на теренот се гледа и по позследниот изнесен факт дека во Газа четири деца починале од неухранетост, а уште седум се во критична состојба.
-Тие починаа од дехидрација и неухранетост во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Дали светот (пред се лидерите на големите сили) ќе се сепне од овие изнесени податоци? Дали ќе се издејствува барем привремен мир и давање на потребната помош на населението во Газа?
Хуманитарната организација „Проекат Хоуп“, која раководи со примарната здравствена клиника во централниот град Деир ел-Балах, тврди дека 11 отсто од децата на возраст под пет години се неухранети. Тие јадат само леб.
Претставници на ОН велат дека израелската воена интервенција оставила четвртина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа на работ на глад. Хамас и Израел се во војна од 7 октомври лани.
Бројот на убиените во овие операции според информациите од Газа е 30.000 лица.