И денес продолжува собирањето потписи за претседателските кандидати. Вчерашниот ден не официјализира ниту еден од кандидатите. Според најновите бројки објавени на страната на Државната изборна комисија, најблиску до целта е професорката Билјана Ванковска која е предложена од „Левица“.
Нешто под 1.000 потписи и фалат на Ванковска за да стигне до борјката од 10.000 и да се вклучи во претседателската трка. Според информациите од ДИК, таа заклучно со вчерашниот пресек, односно до 20 часот вчера имала собрано 9.085 потписи.
Добро напредува и Стевчо Јакимовски. Тој до вчера според податоците од ДИК собрал 6.462 потписи но веројатно тука не се вкалкулирани потписите собрани на нотар, а Јакимовски ги има прилично многу па вкупната бројка му стига до 8.048 како што и самиот објави на социјалните мрежи.
Од останатите кандидати единствен над 1.000 е докторот Вело Марковски кој има 1.077, а Мерсиха Самиловиќ има 977. Останатите кандидати се со под 500 потписи.