Брера Струмица покажува манири на голем фудбалски клуб и в петок ќе го отвори својот фан-шоп во центарот на Струмица.
– ФК Брера со свој Фан шоп во центарот на Струмица – во петок ќе го отвори Горан Пандев !
Во петок во строгиот центар на Струмица нашиот клуб Брера,отвора Фан шоп кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната. Во нашата продавница која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.
📢Упатуваме покана до сите љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи на нашиот клуб како и до сите граѓани да се дружиме во петок на први март со почеток во 18 часот, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.
Принципот на продажба на дресови преку фан-шоп не е баш развиен во Македонија. Другите клубови немаат официјални продавници, а само мал дел имаат продажба на дресови и облека со клупски обележја онлајн и преку социјалните мрежи.