Вечерашниот лет на „Ер Монтенегро“ од Белград за Подгорица доцни бидејќи кога патниците се качувале во авионот имало дојава дека во авионот има бомба, објавуваат регионалните медиуми.
Споменатиот авион во текот на денот слетал на белградскиот аеродром од Подгорица, по што требало да лета назад за главниот град на Црна Гора.
По пријавувањето за наводната бомба, патниците биле веднаш евакуирани.
Надлежните служби веднаш реагираа и презедоа мерки за безбедност на патниците и персоналот на аеродромот.
Истрагата моментално е во тек, а полицијата и безбедносните служби извршиле увид во авионот и околината.