На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ со кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова нуди враќање назад, а СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.
-СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше. Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ. Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото. Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат, рече Кузеска.