Ковачевски: Подготвен сум и решен да ја внесам Македонија во ЕУ до 2030 година

Димитар Ковачевски не застанува, не одмора… иако имаше напорен премиерски мандат. Напротив, тој и понатаму е растрчан и работи за доброто на Македонија. Оди дури и во странство.

Сега, на покана на претседателот на Партијата на европски социјалисти, Стефан Лофвен, тој присуствуваше во Рим каде се обрати на панел сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“.

И еве што тој таму кажа:

-Токму победата на СДСМ на изборите ќе значи продолжување по европскиот пат, кон подобар животен стандард за граѓаните и економски развој, кон унапредена демократијата, владеење на право, слобода на медиумите, социјална вклученост.

Ковачевски објасни дека Владата на СДСМ покажала јасна посветеност и донела навистина тешки и храбри одлуки, кои пак ја направија државата фактор на стабилност во регионот на Западен Балкан. Нагласил и дека така ќе продолжат да работат.

-СДСМ како партија е подготвена, и јас лично сум подготвен и решен да ја внесам Македонија во ЕУ до 2030 година, тоа е нашата цел која имаме должност да ја исполниме – амбициозна, но реална и остварлива, истакна тој.

Ковачевски во Рим остварил и средби со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

 

 

Претходна вестТрагедија во Србија: Си ги убиле децата, па скокнале од 17-ти кат
Следна вестСончево со мала облачност, од утре дождови