Темен режим Режим на светлина

Сончево со мала облачност, од утре дождови

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Во Скопје и околината времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Метеоролозите за идната недела најавуваат нив влажен бран. Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски: Подготвен сум и решен да ја внесам Македонија во ЕУ до 2030 година

Следна објава
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице загина

Тешка сообраќајка, загина 66-годишник од Св. Николе, повредени две лица