Тешка сообраќајка, загина 66-годишник од Св. Николе, повредени две лица

Тешка сообраќајна несреќа на патот Весец – Штип. Едно лице го загуби животот. Имено, 66-годишник од Свети Николе им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник кој е учесник во несреќата од другото возило.

Портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес за МИА изјави дека лицето В.П. било донесено во велешката болница во бесознание и критична состојба. На неговата сопруга, Б.П. 61. и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.

На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница.

Несреќата се случила синоќа околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „Сузуки“ со светиниколски и „БМВ“ со радовишки регистерски таблички.

Претходна вестСончево со мала облачност, од утре дождови
Следна вестДојдоа дивите ги избркаа питомите