Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до јавноста излезе со обвинувања, но и прашања до вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, но и до владејачката СДСМ. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
– Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?
СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор.
А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели.
Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски.
Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности.
Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции.
Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка, Македонија оваа година го имаше најлошиот Извештај на ЕК. Со СДС и Маричиќ Македонија е се подалеку од ЕУ, но и од граѓаните. Со СДС и Маричиќ владата им служи само на кликите на власта. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.