Имено, при презентацијата на пратеникот на ДПС, Оскар Хутер, дошло до вербална дискусија, а потоа речиси до физичка пресметка, пренесе Побједа.
Актери на инцидентот биле првенствено Хутер и пратеникот на ДНП, Милан Кнежевиќ, а потоа интервенирале пратениците од коалицијата ЗБЦГ, Милун Зоговиќ, Јован Вучуровиќ и Дејан Ѓуровиќ.
Биле упатени бројни навреди, а посериозен инцидент спречија пратениците и собраниското обезбедување.