ВМРО-ДПМНЕ: Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од кривична одговорност

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– После 8 години министерување, прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви?, прашуваат од партијата на Мицкоски.

Сака СДС од чии структури се изроди Палевски, да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено?

На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЗа малку избегната тепачка на пратениците во Собранието на Црна Гора
Следна вестТошковски во посета на ПО Јегуновце и ОВР Гостивар