Нов грозоморен настан ја потресе македонската јавност. Шест тетовчани минатата година силувале малолетничка. За настанот се огласија од ОВР Тетово.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против 18-годишниот Д.К., 20-годишниот Д.К., 18-годишниот Н.Б., 18-годишниот М.З. и двајца малолетници, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, извести МВР.
Пријавените, во текот на јуни 2023 извршиле обљуба врз малолетничка.