Екипата на МЗТ Скопје ја оправда улогата фаворит на гости кај Чаир и на крајот славеше со 89:84. Овој меч стартуваше во четвртокот, но беше прекинат поради инцидент на паузата меѓу двете полувремиња.
Откако актуелниот шампион се повлече, мечот се одигра неколку дена подоцна, без присуство на навивачи.
Во вториот период МЗТ Скопје одигра колку што му беше потребно за победа, 16-та оваа сезона со која го дели првото место со тимот на Работнички.