Карневалџии од земјата и странство ја преплавија Струмица

Цели три часа течеше поворка од бои, светки и маски низ центарот на Струмица. Околу три илјади учесници поединечно и во групи дојдоа преку креација и перфирманс да пренесат порака, да упатат критика, да побараат можност и надеж за подобар свет. Меѓу нив доминираа училиштата од струмичко кои секоја година се сѐ побројни и поинспиративни.

Гости има и од странство. Од организацијата велат преовладуваат маски од карневалските градови со кои Струмица има соработка.

Денеска се одржа Детскиот карневал. И најмалите ги покажаа вештините за маскирање: суперхерои, ликови од омилените цртани и бајки-маските совршено го отсликуваат богатиот и весел свет на детето.

Карневалските настани продолжуваат утре, на чист понеделник со варење бел грав на градскиот плоштад.

Претходна вестУкраина со беспилотни летала нападна области низ Русија, загинаа девојка и работник во рафинеријa
Следна вестМЗТ Скопје му наплати на Чаир