Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат насекаде.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 Целзиусови степени.