Денес почна едукативниот караван на ЈП Лајка, спроведуван во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје. Во рамки на оваа кампања ќе се спроведат над 20 едукации во основните училишта на територија на Скопје. Караванот започна со посета на ОУ „Љубен Лапе“, во Општина Аеродром, каде со учениците од шесто и седмо одделение низ презентација и отворена дискусија Лајка ги сподели знаењата и искуствата за тоа што подразбира одговорното сопствеништво.
-За решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на најмладите, па затоа целта на оваа активност е преку нивна подобрена информираност и едукација се зголеми свесноста за одговорното сопствеништво, за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје, но и во земјава, соопштуваат од „Лајка“.