Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) е 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 75 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,222 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,797 денари.