Македонската фудбалска репрезентација денеска во Анталија, го имаше собирот, а потоа и првиот тренинг пред мартовските контролни натпревари против Молдавија и против Црна Гора, кои ќе бидат одиграни во познатиот турски туристички центар.
Речиси сите фудбалери денеска се јавија на првата прозивка, а потоа и на првиот тренинг со кој и официјално стартуваа подготовките за пријателските мечеви против Молдавија (22 март) и против Црна Гора (25 март).
Овие натпревари се како подготовка за Лигата на Нации која се игра во втората половина од годинава, а противници на Македонија се Фарски Острови, Ерменија и Летонија. Во јуни Македонија ќе одигра уште две контроли, против Хрватска во Ријека, и против Чешка во Прага.
На првиот собир и тренинг отсуствуваа голманот Столе Димитриевски и дефанзивецот Бојан Димоски кои од утре ќе бидат со националниот тим.