Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите за квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа Данска, Шведска и Норвешка.
Ние се најдовме во групата 1 каде добивме ривали по мерка и тоа Словенија, Литванија и Естонија што секако не става во позиција да се надеваме, веруваме дека ќе обезбедиме пласман на уште еден голем ракометен настан.
Веќе е познат и возниот ред, распоредот на натпреварите во кои ќе се надигруваме со ривалите во три ЕХФ недели.
Тргнуваме против Естонија на домашен терен, а потоа ќе и гостуваме на Литванија во првиот „прозорец“. Во вториот, кој се игра во март наредната година имаме двобој со Словенија за да на крајот завршиме во мај со Естонците на гости и Литванците пред нашата публика.
Пласман на шампионатот ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.