Земјотрес кај брегот на Крф

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.

Земјотресот се случил во 7.20 часот по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.

Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се случил во раните утрински часови, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.

Нема информации за штети во овие земјотреси.

Претходна вестМеџити во „единица“, Гаши во „двојка“, Касами во „шестка“ – Таравари ги објави носителите на листи на „Вреди“ за изборите
Следна вестПознат распоредот на ракометарите: Ќе отвориме со Естонија, на крај против Литванија