Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна вчера во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.
Во Србија за првпат беше лансиран системот FIND ME! кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.
Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Вчера попладне беа подигнати беспилотни летала со термални камери, а областа ја пребарува и хеликоптер.
Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае. На терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптер и беспилотни летала со термо камери.
Во потрагата може да се приклучат и доброволци во координација со полицијата, вели министерот Братислав Гашиќ.