Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ се обврзува дека ќе генерира нови политики

Потпишана е Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“, објави денеска лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. Тој додаде дека се работи за најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија.

Во обраќањето тој рече дека Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Освен тоа, се обзнанува дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на оваа коалиција.

-Коалицијата се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт. Се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани. Апелираме да има масовна излезеност на овие избори бидејќи неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезноста е клучот. Промените се во ваши раце, порача Мицкоски.

 

Претходна вестЖена тешко повредена на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје
Следна вестТешко повреден 23-годишен мотоциклист во Скопје