Победничката „Програма за европска иднина“ на СДСМ за претстојните избори предвидува серија мерки за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.
-Бесплатен оброк се воведува за учениците во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти. Бесплатен јавен превоз се воведува за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето. За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“ во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус од 3.000 денари за материјали и учебни помагала, велат од СДСМ.
Како што додаваат, со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија.
-Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство. За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“. Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на врсничкото насилство. Младите се нашата иднина. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина“ на СДСМ, завршуваат од партијата.