Пентагон: Северна Кореја продолжува да ја снабдува Русија со оружје

Северна Кореја продолжува да ја снабдува Русија со оружје, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг на брифинг со новинарите.

Како што се соопштува Северна Кореја се етаблирала како водечки снабдувач на оружје на Русија, наводно, снабдувајќи ја Москва со обемни воени пакети, вклучувајќи балистички ракети и повеќе од 3 милиони артилериски гранати.

-Го гледаме тоа партнерство, знаете, продолжуваме да гледаме како Русија посегнува по партнери како Северна Кореја, Иран, за да продолжи да добива поддршка за нејзината војна во Украина, истакна Синг.

Олександр Филчаков, шеф на обвинителството во Харковската област, на 14 март изјави дека Русија употребила речиси 50 севернокорејски проектили за да ја нападне Украина од почетокот на инвазијата.

Еден од првите случаи на употреба на севернокорејски балистички ракети од страна на Русија беше забележан на 30 декември 2023 година, за време на нападот на Запорожје, пишуваат медиумите во светот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници?
Следна вестПрограма за европска иднина на СДСМ: Бесплатен оброк и бесплатна екскурзија за учениците