Тринаесетгодишник рани три деца во школо во Финска

Три деца на возраст од 13 години се ранети во пукање во училиште во финскиот град Ванта близу Хелсинки, соопшти финската полиција.

Според соопштението, полицијата интервенирала во училиштето „Виертола“ нешто пред 9 часот според локално, односно 7 часот според средноевропско време, повикувајќи ги локалните жители да останат во своите домови, пренесува Би-би-си.

Според првичните информации, полицијата го уапсила осомничениот за пукањето кој, како што се дознава, е малолетно лице, но нема информации дали е ученик во училиштето кое има околу 800 ученици.

Очевидците изјавија дека две амбулантни возила го напуштиле местото на инцидентот.

-Непосредната опасност помина. Жртвите се превезени во болница, изјави портпаролот на полицијата.

Пукањето се случи откако учениците се вратија во школите по велигденските празници

Претходна вестАпел: Кога заедно ќе се фотографираат – да помислат…
Следна вестГевгелиското обвинителство бара притвор за српски државјанин, бил насилен и прободел со нож сопственик на локал