МД „Илинден“ од Тирана ги повика Македонците во Гора на Косово на пописот да го зачуваат македонскиот идентитет

Повик до Македонците во областа Гора, Република Косово, на пописот на населението, што почна денеска, да се изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идентитет упати денеска Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

– Ги повикуваме Македонците во областа Гора и цела Република Косово, на пописот на населението и домаќинствата, што почна денеска и ќе трае до 17 мај годинава, да се попишат она што од секогаш биле – Македонци, со мајчин македонски јазик, стои во повикот.

Се додава дека жителите во областа Гора, не се ништо друго, освен етнички Македонци, дека се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ.

-Ги осудуваме напорите на бугарските власти за притисоците врз Македонците на Косово, да се попишат како етнички Бугари. Исто така потсетуваме дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија, наведува друштвото, во повикот потпишан од претседателот Никола Ѓурѓај.

Претходна вестСкопјанец измамен за повеќе од 55.000 евра за лажни операции, погреби, киданпирања…
Следна вестУапсени двајца арчиновци откако удриле во полициско возило па бегале до Бит Пазар