Во последното деноноќие имало вкупно 2 129 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 50,12%, а 49,88% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,44%, кон Итната медицинска помош 20,47%, кон пожарникарите 11,41%, а кон АМСМ 0,34% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 071 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,34% и на 45,81% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
-Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 13 пожари на отворено во последното деноноќие од коишто утрово два пожари на отворено се уште се евидентирани како активни. Конкретно Регионалниот ЦУК Куманово ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека има активен пожар на отворен простор во с.Виштица, каде што е опожарена ниска вегетација и ниска деградирана шума, а пожарот е на непристапен терен (Од ЦУК се известени и Полициска станица ПС Матејче). За вториот активен пожар известиле од ТППЕ Крива Паланка дека вчера од 12.19 часот пожарот во с.Луке се уште е активен. На терен се пет пожарникари со две ПП возила. Гори шума од бор и бука.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.