Уапсени двајца арчиновци откако удриле во полициско возило па бегале до Бит Пазар

Приведени се две лица од Арачиново кои не застанале на полициски знак и се обиделе да избегат, соопшти полицијата.

МВР информира дека кај нив потоа било пронајдено и оружје и муниција.

Во соопштението се наведува дека на 04.04.2024 во 23.55 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(31) и Џ.Б.(29), двајцата од с.Арачиново, скопско.

-Претходно, тие не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, удриле во службеното полициско возило и се обиделе да побегнат. При лишувањето тие фрлиле една јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Претходна вестМД „Илинден“ од Тирана ги повика Македонците во Гора на Косово на пописот да го зачуваат македонскиот идентитет
Следна вестЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни