Времето денес сончево со мала до умерена облачност, температурата до 28 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи во интервал од четири до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град се спушти до осум, а максималната ќе достигне 27 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.

Претходна вестДенеска е Свето Благовештение – Благовец, празник на Пресвета Богородица и на радосната вест
Следна вестНа Македонија и треба претседател кој e достоинствен пред странци, кој е…