По терористичкиот масакр во близина на Москва, 16.000 Руси се пријавиле за војска

Русите што им се приклучуваат на вооружените сили значително се зголемија по минатомесечниот смртоносен напад на концертна сала во близина на Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Повеќе од 100.000 луѓе потпишале договори со војската од почетокот на годината, вклучувајќи околу 16.000 само во последните 10 дена.

-За време на интервјуата минатата недела во канцелариите за регрутирање во руските градови, повеќето од кандидатите како главен мотив ја наведоа желбата да се одмаздат за загинатите во трагедијата на 22 март 2024 година во Московската област, ​​соопшти Министерството.

Најмалку 144 лица загинаа во масовното пукање и пожар во концертната сала „Крокус“. Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Но, Русија која ги зароби напаѓачите вели дека тие биле поврзани со Украина. Ова, пак, е демантирано од Киев.

Претходна вестУставен суд не поведе постапка за измените на ЗРО во врска со работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“
Следна вестПосебен режим на сообраќај денес и утре на „Илинденска“ во Скопје