Посебен режим на сообраќај денес и утре на „Илинденска“ во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент Охридски“, во двата правца.

-Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје, информира СВР Скопје и  апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се случува настанот.

Претходна вестПо терористичкиот масакр во близина на Москва, 16.000 Руси се пријавиле за војска
Следна вестМакедонија повторно на ЕП: Убедлива победа во Баку за печат на новиот успех