СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
-Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции. Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција, се наведува о соопштението.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.