Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го одиграат претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во три земји, Унгарија, Австрија и Швајцарија, а за противник ја имаат селекцијата на Азербејџан, меч кој ќе стартува во Баку во 15 часот.
„Црвено-жолтите“ девојки се апсолутни фаворитки на овој дуел и ќе се обидат да го заверат второто место во групата кое води на големиот континентален собир.
Нашата селекција 7 април против Литванија во Скопје ќе го заврши настапот на квалификацискиот циклус, а влезот на овој натпревар кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.