Својот максимум го давам на локално ниво, а ќе продолжам да го давам максимумот и на централно ниво, порача Максим Димитриевски, лидер на Движењето ЗНАМ и претседателскки кандидат, во вечерашното интервју на ТВ Телма.
-Првенствено како човек, како граѓанин, а во овој случај, ако бидам избран во иднина, и како претседател на државата, беше одговорот на Димитриевски на прашањето за слоганот со кој настапува во кампањата за претседателските избори – „Максимум за Македонија“, порача за Телма Максим Димитриевски.
Меѓу другото, Димитриевски смета дека јавниот обвинител треба да го предлага опозицијата и да се бира со двотретинско мнозинство и да биде независен во својата работа, но дополнително, како што рече, и да се сузбие стратешки корупцијата со формирање специјално тело преку стратегија што ќе ги детектира суштинските коруптивни точки во државата од каде тоа идат парите.
–Ако ги следите парите и текот на парите, точно ќе видиете каде е корупцијата, рече вечерва на Топ тема, претседателскиот кандидат на „ЗНАМ“. Максим Димитриевски.