Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на вечерашниот собир пред кумановци порача дека ќе го вратат достоинството на нацијата. Носење на нов, модерен современ устав за 21 век за модерна македонска нација е дел од програмата на кандидатката за претседател.
–Да се достои, значи да се опстои на принципите на кои е изградена државата, тие се левичарски принципи на македонската револуционерна организација и АСНОМ. Ако си ги вратиме и опстоиме на тие идеали само тогаш ќе можеме себе да се наречеме и горди луѓе. Она што досега се случуваше нè доведе до работа на тоа да престанеме да си веруваме себе си дека воопшто сме способни да имаме сопствена држава. Договорите кои ги оспорувам во програмата се трите кои ни се наметнати однадвор или под наислство или посредување на странци, листата на барања очигледно не престанува очигледно дека прашањето на Уставот останува клучна тема на оваа т.н. дебата, бидејќи дебата нема кандидатите не сакаат да се соочат, рече Ванковска.
Како што додаде, Уставот веќе не може да се „крпи“ оти сега е „крпеница“ наликува на фустанот на Пепелашка со безброј амандман.
–Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме, рече Ванковска. Таа додаде дека новиот курс значи и нови можности и инвестиции. За кумановско рече дека се соочува со девастација. За досегашната кампања кажа дека не била фер и демократска од почеток, бидејќи стратувале со различни позиции, „помалите“ кандидати биле „ограбени“ во однос на медиумското претставување.
– Додека другата страна може да троши стотици илјади евра за бини, спектакли, огномети, да носат по 200 автобуси, ние сме скромни и горди на себе, бидејќи комуницираме со обичен народ со сиромашен, а не вештачки да го прикажуваме поброен или поинаков од она што е. Фер нема да има изборна кампања рече Ваковска.