Македонија има голем проблем со демографијата. Се помалку има бебиња, а и се повеќе има иселување од земјата. Едноставно, бројката на населението се топи забрзано.
Сето ова се гледа низ многу примери, а највидливо е во училиштата. За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат најновите податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. Од 976 основни училишта во 2021/2022 година, во 2022/2023 овој број се намалил на 962.
-Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година, стои во соопштението на ДЗС.
Сите овие податоци се алармантни. Очекувавме за овој голем проблем почесто да се зборува и дава решенија во изборната кампања, ама…