Владата попладнево донесе одлука со кој 24 април 2024 (среда), кога се гласа за првиот круг претседателски избори, е неработен ден за сите граѓани вработени како во јавниот така и во приватниот сектор.
Според одлуката, денот среда како неработен ден нема да се одработува дополнително.
Претходно, Владата беше на ставот 24 парил да биде неработен само за вработените во јавната администрација.
На ова вчера реагираше Билјана Ванковска, претседателски кандидат на „Левица“, на средбата со граѓаните на Општина Центар.
– Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности, предупреди Ванковска.