Од денеска почна и кампањата за Парламентарните избори. Не дека партиите до сега не беа растрчани низ Македонија, ама сега ќе уфрлат во шеста брзина. Ќе се преставуваат кандидатите за пратеници во шесте изборни единици.
Че има многу што да се слушне и види. Но, ќе има ли повеќе за програмите да се слушне или ќе верглаат повеќе за политичките противници?
Ако се види како тече кампања за Претседателските избори и разните подметнувања, навреди…
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид. Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија.
Коалицијата „Европски фронт“ најави активности во Скопје за конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024. Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.
Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.
Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…
Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.
Ќе биде ли како што потпишаа. Ќе ги тргнат ли некои партии настрана валканите кампањи?
Би требало, а тоа граќаните и го очекуваат, да се зборува за изборни програми, а партиите од власта треба да дадат и отчет за до сега (не)сработеното.
Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.